Утре напладне „Марш за ангелите“ во Скопје

Од Плоштадот поворката ќе тргне кон Собранието, а маршот ќе заврши пред зградата на Основниот кривичен суд

Утре со почеток во 12.05 минути на Градскиот плоштад во Скопје, ќе се одржи „Марш за ангелите“ во организација на семејствата на починатите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Од Плоштадот поворката ќе тргне кон Собранието, а маршот ќе заврши пред зградата на Основниот кривичен суд.

Ова е вкупно 30ти „Марш за ангелите“ и истовремено прв што ќе се одржи по улиците на Скопје.

Пред маршот, родителите упатија порака и повик за поддрша од сите граѓани.

„Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба вашата поддршка.“ се вели во нивната видео порака.

Истовремено, вчера од стран ана иницијативата „Кој е следен?“ со герила акција на скопскиот плоштад ги повикаа сите граѓани на Скопје да се приклучат на Маршот.

„Македонија има совест. Корупцијата им ги одзеде животите на овие деца, а нашата должност е да не молчиме. Болката е нивна, но борбата е заедничка.“ порачаа од иницијативата „Кој е следен?“

Тие дополнуваат дека трагедијата во Кочани не смее да се третира како локален инцидент, туку како општествен повик за обединување и отпор кон системските пропусти.

Маршот во Скопје ќе се одржи неколку

Првото судско рочиште е закажано за 19 ноември. Според обвинителниот акт, 34 физички и 3 правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност, а процесот ќе го води тим од околу 15 обвинители, најави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни