На утрешниот концерт, кој е по повод 25 години од албумот ,,Врати на имагинација” и 25 години од нивниот легендарен концерт на Саем, АРЕА за првпат ќе го отсвири целиот студиски албум во живо.
Меѓудругото, на концертот премиерно ќе се промовира и посетителите ќе можат да го набават винилното ремастерирано издание на албумот „Врати на имагинација“, а сите кои ќе го купат, ќе имаат можност да добијат потпис од бендот на официјален meet & greet.
Некои од категориите се пред распродавање, а преостанатите влезници се во продажба онлајн на avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
Ареа ― музичка рок-група од Гостивар. Главен вокалист во групата е Ружица Милошеска Брчиоска,
Албумот „Врати на имагинација“ го издаваат во 2000та година и истиот постигнал огромен успех, а песната „Сите мои слики“ станува апсолутен хит.