Со објавувањето на пресудата, започнува периодот од 30 дена, што им овозможува на претставниците да ја продолжат седницата. Имено, судот утврди дека сите претходни продолженија на седницата од 27 јуни до 6 јули се неважечки бидејќи не биле спроведени во согласност со претходната одлука, објавува Косовo онлајн.
Во пресудата, судот го задолжи претседателот на седницата да продолжи со точка 3 од дневниот ред на конститутивната седница, усвоена на 8 април, и да го покани претставникот на најголемата парламентарна група да предложи кандидат за претседател на парламентот, кој ќе се избира со јавно гласање, што може да се направи само три пати за истиот кандидат.
Исто така, со одлука на судот, на сите претставници им е наредено да бидат присутни и да гласаат за време на постапката за избор на претседател и потпретседател на Собранието.
Судијата Радомир Лабан побара изземање од овој случај, но Судот едногласно го отфрли неговото барање.
Во меѓувреме, Лабан стана цел на политички напади, поради што Српска листа испрати писмо до амбасадите на земјите од Квинте барајќи негова заштита и прекин на политичкиот притисок.