Протестот е организиран од семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“, а ќе започне пред Обвинителството во 12:05 часот, време кое симболизира задоцнетата реакција од институциите.
„УСС ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш ‘Марш за ангелите’“’, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како Универзитетското студентско собрание, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние кои претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда“, наведено е во соопштението од УСС.
„Ги повикуваме сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат и достоинствено, но гласно, да испратиме порака дека Македонија заслужува подобро“, се наведува во дописот.