Конференцијата обедини лидери од различни индустрии во Северна Македонија, кои преку инспиративни панел дискусии ја нагласија важноста на родовото избалансирано лидерство како клуч за одржливи промени и економски напредок. Главен говорник беше Роберт Бејкер, глобален експерт за различност и инклузија, кој ја истакна улогата на мажите во поддршката на родовата еднаквост.
Настанот беше проследен со голем интерес, што ја потврдува зголемената свест за важноста на жените во управувачките структури и позитивниот тренд на вклучување на компании и организации во иницијативата.