Успешно одржана конференцијата „Унапредување на родовата еднаквост во глобалното лидерство“ во Скопје

Вчера, во Скопје се одржа конференцијата „Унапредување на родовата еднаквост во глобалното лидерство“, организирана од Women on Boards Adria (WOBA) и М6 Едукативен центар. Овој настан е втор од серијата активности посветени на промоцијата на родовата еднаквост во лидерските структури, со се поголем број компании кои се приклучуваат на иницијативата WOBA.

Конференцијата обедини лидери од различни индустрии во Северна Македонија, кои преку инспиративни панел дискусии ја нагласија важноста на родовото избалансирано лидерство како клуч за одржливи промени и економски напредок. Главен говорник беше Роберт Бејкер, глобален експерт за различност и инклузија, кој ја истакна улогата на мажите во поддршката на родовата еднаквост.

Настанот беше проследен со голем интерес, што ја потврдува зголемената свест за важноста на жените во управувачките структури и позитивниот тренд на вклучување на компании и организации во иницијативата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни