Уште само два дена во второто издание на Red Bull Педалинкака

Целта на оваа трка  е демонстрација на спортска интелигенција, борбеност, супер дружба и тимски дух што води до освојување на вредни награди
Participants at Red Bull Pedalinka 2024 Ohrid, North Macedonia on August 24, 2024. // SI202409020284 // Red Bull Pedalinka / RBMN / 2024 / Ohrid, North Macedonia // Aleksandar Cheski / Red Bull Content Pool

На 16-ти август, со почеток од 17:00 часот, на старото пристаниште во Охрид ќе се одржи Red Bull Педалинка, уникатна трка со педалинки низ Охридското езеро.

За сите оние кои не знаат што е Red Bull Педалинка, на кратко се работи за  спортски натпревар со педалинки, која за првпат се случи лани, а сега на ред е нејзиното второ издание, како дел од програмата на Ohrid Water Festival

Дека Red Bull Педалинка е настан кој не треба да се пропушти, говорат голем број на факти (повеќе информации тука) кои укажуваат на тоа дека викендов во Охрид ќе се случи поприлично несекојдневен и кул настан на кој вреди да се учествува. 

Winners celebrate during the Red Bull Pedalinka in Ohrid, North Macedonia on August 24, 2024. // SI202408260762 // Red Bull Pedalinka / RBMN / 2024 / Ohrid, North Macedonia // Aleksandar Cheski / Red Bull Content Pool

Целта на оваа трка  е демонстрација на спортска интелигенција, борбеност, супер дружба и тимски дух што секако води до освојување на вредни награди. 

Ако сакаш да освоиш интересни и вредни награди, сѐ што треба да направиш е да формираш четиричлен тим, каде барем еден од учесниците треба да биде од спротивен пол, да пријавиш учество на Red Bull Педалинка и со тоа тимски влегувате во игра за следните награди:

Прво место – 30.000 денари од Halkbank AD Skopje;  Wake the Lake искуство за четворица и месечна залиха на Red Bull за секој член. 

Второ место – авантура со SUP даски од Paddle Klub и месечна залиха на Red Bull за секој член и

Трето место – месечна залиха на Red Bull за секој член

Исто така, секој тим има можност да подготви тимска маска, а доколку нивната маска е избрана за најкреативна, тимот добива награда од 30.000 денари обезбедени од Halkbank AD Skopje и месечна залиха на Red Bull за секој член.

Оваа година, секој натпреварувач на Red Bull Педалинка влегува и во игра за SUP даска Aqua Marina VAPOR 10’4″ обезбедена од Intersport Macedonia, без разлика каде е рангиран неговиот тим.

Сите ентузијасти на водените спортови можат своето учество да го пријават тука, а за сите дополнителни информации да ја посетат официјалната страна на Red Bull Македонија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни