Пожарот што што вчера попладне избувна на депонијата Дрисла сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Според моменталната состојба, пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место“ се вели во информацијата на ЦУК.
Утрово, според официјалните податоци имаше четири актвни пожари на територијата на државата.
Во текот на утринските и претпладневните часови, граѓани од повеќе населени места, на социјалните мрежи пријавуваа дека чувствуваат тешка и непријатна миризба, која најверојатно доаѓа од чадењето на запалената депонија.