Уште една жртва на улиците: Прегазен пешак во Скопје

Фото: mvr.gov.mk

Пешак загина во сообраќајна несреќа синоќа во селото Батинци откако во него удрило возило „голф“.

Како што известија од МВР, несреќата се случила вчера околу 19 часот на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со улица „1“ во Батинци. Возилото со скопски таблици управувано од А.С. (33) од село Цветово удрило во пешакот Ф.И. (83) од Батинци.

Итната медицинска помош констатирала смрт, а јавен обвинител наредил телото на починатот да се даде на обдукција.

Возачот А.С. имал телесни повреди по несреќата, по што бил примен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни