Уште една земја се спрема за цунами- Паниката oд земјотресот на Санторини се шири

National Security Council (NSC) на Израел минатата недела заклучил дека низата земјотреси кај Санторини може да доведе до поголем земјотрес и да предизвика цунами кој може да го загрози нивниот брег, па затоа им наложил на министрите да се подготват за таква можност

Израелскиот Национален совет за безбедност се подготвува за можни последици од сеизмичката активност кај грчките острови. Низата земјотреси кај грчкиот остров Санторини можат да доведат до поголем земјотрес кој може да предизвика цунами и претставува закана за израелскиот брег, заклучил Националниот совет за безбедност на Израел.

Грчкиот остров продолжува да се тресе, а експертите се плашат од посилен земјотрес. Училишта на Санторини и на три околни острови ќе останат затворени до 14 февруари додека низата земјотреси го тресат регионот. Од 1 февруари се забележани повеќе од 800 земјотреси со магнитуда од три степени по Рихтер или повеќе, кои се почувствувале на Санторини, Аморгос, Анафи и Иос, пишува “Индепендент”. Оваа сеизмичка активност доведе до ,,егзодус” на жителите на островите и туристите, особено на Санторини каде, околу 16.000 жители веќе заминале.

Додека зачестеноста на земјотресите благо се намали, според податоците на Атинскиот институт за геодинамика, во саботата островите биле погодени од 11 земјотреси со јачина од четири степени по Рихтер. Најголемиот, со сила од 4,9, се случил во 11 часот наутро. И покрај тековната сеизмичка активност, сè уште нема пријавено штети или жртви.

Но, експертите велат дека не можат да ја исклучат можноста за посилен земјотрес. Високата сеизмичка активност во областа на Санторини е без преседан,а сеизмолозите предупредуваат дека ова може да трае со недели или месеци.

Во меѓувреме, National Security Council (NSC) на Израел минатата недела заклучил дека низата земјотреси кај Санторини може да доведат до поголем земјотрес и да предизвикаат цунами кој може да го загрози нивниот брег, па затоа им наложил на министрите да се подготват за таква можност, пишува локалниот портал Jns.org.

Имајќи предвид дека Израел е оддалечен околу 900 километри од центарот на земјотресот, земјата ќе има предупредувања околу два часа пред цунамито да дојде. Итните служби и министерствата се обврзани да се подготват за можноста дека Израел ќе се соочи со цунами, според заклучоците од расправата. Според Хајман, опасноста со која Израел се соочува, ако воопшто ја има, доаѓа само од цунами.

„Израел е оддалечен околу 1.200 километри од Санторини и силен земјотрес нема да се почувствува, а дури и ако се почувствува, нема да предизвика штета. Во исто време, имајќи предвид дека епицентрите на земјотресите се во морето, силен земјотрес може да предизвика цунами и тие можат да стигнат до брегот. Затоа мора да бидеме внимателни, но не и загрижени. Ова е прилика да се потсетиме дека не е прашање дали ќе се случи силен земјотрес во Израел, туку кога ќе се случи, и дека е важно да се подготвиме правилно за оваа закана -изјавил тој.

Според веб-страницата на Командата за заштита на цивилното население на израелските одбранбени сили (IDF), смртоносни цунами во минатото стигнале до бреговите на Израел, вклучувајќи ги годините 1222, 1303, 1870 и 1908.

Jns.org потсетува дека грчкиот остров Санторини бил уништен од голема вулканска ерупција во 1600 година п.н.е. Позната како Миноска ерупција, оваа ерупција се смета за една од најголемите вулкански ерупции во историјата на човештвото, според опсерваторијата Ламонт-Дорети во Њујорк. Оваа ерупција предизвикала цунами, со бранови високи од 35 до 150 метри, кои ги опустошиле северните брегови на Крит.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни