Уште една победа за проевропска Молдавија, Санду со пресврт до нов мандат

Фото: Maia Sandu/Facebook

Проевропската претседателка на Молдавија, Маиа Санду по се изгледа обезбеди нов мандат на чело на оваа источноевропска држава, откако во вториот круг од претседателските избори успеа да го победи прорускиот кандидат Стојаногло.

Санду има над 54 отсто од гласовите, на преброени околу 98 отсто од избирачките места, наспроти 46 кои гласале за нејзиниот противкандидат.

Двајца политички аналитичари од Кишињев, Владислав Кулмински и Валериу Паша, за Ројтерс велат дека нивната проценка е дека Санду го освоила вториот четиригодишен мандат и го победила Александр Стојаногло, поранешен генерален обвинител.

Гласањето на дијаспората, кое вклучува Молдавци кои живеат во западните престолнини и ја фаворизираа Санду на 20 октомври во првиот круг, обично се пребројува на крајот, поради што предноста на Санду излезе на виделина на крајот од пребројувањето.

Трката на Санду, која ја постави Молдавија на долгиот пат на пристапните преговори со ЕУ во јуни, внимателно се следи во Брисел една недела откако Грузија, друга поранешна советска држава која бара членство, повторно ја избра владејачката партија која на Запад се смета за проруска.

Изборите и кампањата беа засенети од постојаните тврдења за руско мешање во изборите.

„Гледаме масовно мешање од страна на Русија во нашиот изборен процес… напор со голем потенцијал да се наруши исходот“, напиша советникот за национална безбедност на Санду, Станислав Секриеру на X.

Пред две недели Молдавија, покрај на првиот круг од претседателските избори, гласаше и на референдум со кој европската перспектива на земјата треба да стане дел од Уставот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни