Уште една олимпијка се жали на квалитетот на медалите: Ми се скрши медалот, треба да се поквалитетни

Уште една олимпијка се пожали дека медалите кои беа давани на Олимписките игри во Париз не се најквалитетни и дека ѝ се оштетил.
Фото: Инстаграм

Американската фудбалерка Лин Вилијамс се пожали на социјалните мрежи дека го скршила својот медал додека со екипата ја славела победата на Олимписките игри во Париз.

„Го носев медалот врзан на рамото  како мала торбичка и само скокав и пеев, а при еден доскок, едноставно ми падна“ вели таа, објаснувајќи дека медалот се одвоил од врвцата.

„Сите играат, а јас лутав наоколу обидвајќи се да го најдам и земам мојот медал од подот. Сега има вдлабнатина, поради што е едиснтвен“ објаснува таа.

Таа додава дека скокањето не помогнало, но дека сепак медалите треба да бидат поквалитетно изработени и поцврсти.

Вилијамс не е првата олимпијка која се пожали на квалитетот на медалите. Американскиот скејтбордер Хјустон се пожали дека неговиот бронзен медал изгледа истрошено по само неколку денови, а на квалитетот на златните медали се пожали и Данецот Виктор Акселсен и бразилската гимнастичарка Ребека Андраде.

По примедбите од одредени спортисти, организаторите на Олимписките игри во Париз ветија дека сите оштетени медали ќе ги заменат, нешто на што се надева и Вилијамс.

Извор: Индекс.хр

Најново

Последни колумни