Осмата партија од дуелот за титулата светски првак во шах во Сингапур меѓу бранителот, Кинезот Динг Лирен (32) и 18-годишниот Индиец Домараџу Гукеш заврши нерешено во 51. Потег со што резултатот и натаму е изедначен 4-4.
И кинескиот и индискиот велемајстор имаа сериозна предност во одредени моменти од партијата, но грешеа и на крајот осмиот дуел заврши реми.
Ова е петто последователно реми на дуелот во Сингапур.
Деветтата од партија од вкупно 14 на програмата е в четврток.
Предноста од белите фигури ќе ја има Гукеш, кој со своите 18 години е најмладиот предизвикувач.
Наградниот фонд за мечот за светската титула е 2,5 милиони долари.