Уште една недела до ОФФест 2025

Седум дена нè делат од почетокот на 24-то издание на ОФФест, кое што ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар. ОФФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди 9 концерти на врвни музички артисти и групи од 8 различни земји и една специјална филмска проекција.

Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции и доживувања на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на ОФФест како еден од најпознатите европски фестивали за музика на светот.

Повеќе информации за фестивалот, на следниот линк: http://www.offest.com.mk/mk/

Програма:

5 јуни

Национална опера и балет | 20ч.

Dragan & Ratko Dautovski (С. Македонија)

Canzoniere Grecanico Salentino (Италија)

6 јуни

Национална опера и балет | 20ч.

Kimmo Pohjonen (Финска)

Maria João Аbundância (Португалија)

7 јуни

Национална опера и балет | 20ч.

Vieux Farka Touré (Мали)

Florence Adooni (Гана)

8 јуни

МКЦ Кино Фросина | 20ч.

Júlia Kozáková Trio (Словачка)

8 јуни

МКЦ Дансинг сала | 21ч.

Mordái (Унгарија)

Lufthansa (С. Македонија)

Програма плус

8 јуни

МКЦ Кино Фросина | 18:30ч.

SARAVAH

Документарен филм (Бразил)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни