Авион на компанијата FedEx принудно слетал на аеродром во Њу Џерси, откако при полетување се запалил еден од неговите мотори.
https://twitter.com/i/status/1895839378876039213
Шокантните слики и видео снимки на авионот станаа вирални на социјалните мрежи. Авион на компанијата FedEx се запалил веднаш по полетувањето, поради што морал итно да слета.
Според податоци од FlightAware, авионт летал од меѓународниот аеродром Newark Liberty во Њу Џерси во 7:58 по источно време и се вратил назад на аеродромот Newark во 8:07, иако планираната дестинација била Индијанаполис.
На среќа, авионот успешно слетал и ситуацијата била брзо ставена под контрола.