Дваесет и тригодишен Сиријец со нож избоде петмина минувачи во Вилах, град на југот на Австрија, соопшти е полицијата. Четиринаесетгодишното дете починало, а четири лица се повредени во нападот. Полицијата го уапсила осомничениот, кој е сиријски државјанин со легален престој во Австрија, како што се наведува во соопштението на полицијата.
„Ова е исклучителен и шокантен настан. Нешто вакво до сега не е забележано во Корушка“, изјавил Рајнер Дионисио, раководител на одделот за односи со јавноста на полицијата во Корушка. „Позадината на овој напад сè уште не е позната, а моментално се спроведува темелна истрага на целиот случај“, додал тој.
Нападот се случил околу 16 часот на штанд за колбаси во центарот на Вилах, а 23-годишниот Сиријец изненадно со нож ги нападнал минувачите, пишува Кроне Цајтунг. Сите жртви се мажи. Двајца се полесно, а двајца потешко повредени.
Полицијата соопштила дека сè уште не е јасно дали осомничениот дејствувал сам, така што продолжуваат со потрагата за можни додатни осомничени.
Напаѓачот, кој претходно не и бил познат на полицијата, имал лична карта на барател на азил, а наводно престојувал во прифатен центар во Лангауен. Според извештаите на австриските медиуми, имал дозвола за престој во Австрија. Сведоци исто така велат дека викал Аллаху Акбар.