Уште четири европски земји ја признаа независноста на Државата Палестина

Белгија, Монако, Малта и Луксембург ја признаа независноста на Палестина, испраќајќи силен политички и дипломатски сигнал на глобално ниво.

Белгија, Монако, Малта и Луксембург ја признаа независноста на Државата Палестина, придружувајќи им се на Франција, Обединетото Кралство, Канада и Австралија во таа одлука.

Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека неговата земја се приклучила на другите држави во признавањето на палестинската држава со цел да испрати „силен политички и дипломатски сигнал до светот“.

„Белгија денес испраќа силен политички и дипломатски сигнал на светската заедница приклучувајќи се кон групата држави кои го признаа постоењето на Државата Палестина“, изјави тој за време на 80. заседание на Генералното собрание на ОН, пренесува RTVE.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни