Како што е објавено на официјалната страница на Европскиот парламент, гласањето се одржало поединечно, а за предлогот да биде усвоен беше потребно двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.
Расправата на пленарната седница со фон дер Лајен се одржа во понеделникот.
Според деловникот на Европскиот парламент, предлог за изгласување недоверба може да поднесе најмалку една десетина од пратениците, односно 72 од вкупно 720 членови на парламентот.