Урбаната Агенда продолжува – Концерт на Red18 во Radost Kafe-Bar Битола

Ова е бенд од Скопје, кој постои од 2022 година, а вo него се Елена, Јован, Павел, Аце и Димиш и воопшто не им е важно да се ограничуваат жанровски. Важно им е само луѓето кои се дојдени на нивните настапи, да си поминат убаво

Во сабота 26 октомври, со почеток во 21.00 часот во Radost Kafe-Bar Битола во склоп на Проектот Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена, ќе настапи малдиот бенд Red18.

,,Ова е бенд од Скопје, кој постои од 2022 година, а вo него се Елена, Јован, Павел, Аце и Димиш и воопшто не им е важно да се ограничуваат жанровски. Важно им е само луѓето кои се дојдени на нивните настапи, да си поминат убаво! Тие прават музика каква што сакаат, а на нивните настапи не може а да не танцувате! Дел на англиски, дел на македонски, тие ќе ви ја раскажат нивната приказна, затоа не ја пропуштајте нивната прва свирка во Битола!” велат организаторите.

Проектот Урбана Агенда – поддршка на независната културна сцена е финансиран од @Embassy of Switzerland in North Macedonia

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни