Уранија Пировска: Бараме транспарентна истрага и одговорност!

Голема тага, голем бес и фрустрација дека нема дно, само паѓаме и паѓаме и ништо не се менува

„Ќе бараме транспарентност на истрагата, ќе бараме да ја чуеме вистината за она што довело до ваква трагедија и ќе бараме одговорност! Ќе понесе ли некој некогаш одговорност? Тоа нема да ги врати младите луѓе кои вчера вечер погинаа но можеби ќе спречи во иднина да ни се случуваат вакви трагедии. Голема тага, голем бес и фрустрација дека нема дно, само паѓаме и паѓаме и ништо не се менува“ изјави Уранија Пировска од Хелсинчкиот комитетет.

Во пожарот во Кочани живото го загубија најмалку 51 лице а над 100 се повредени.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни