Ураганот Мелиса ги погоди Карибите: 75% од Јамајка без струја, најмалку 25 загинати на Хаити

Моќниот ураган Мелиса, кој претходно ја погоди Јамајка, денеска пристигна на бреговите на Куба, оставајќи зад себе огромни разурнувања низ Карибите.

Според извештаите, станува збор за најсилната бура што ја погодила Јамајка во нејзината историја.

На островот Хаити, кој исто така беше зафатен од невремето, властите соопштија дека најмалку 25 лица загинале, додека десетици се водат како исчезнати. На Јамајка, пак, околу 75% од земјата е без електрична енергија, а делови од главниот град Кингстон се целосно отсечени поради урнати дрвја и оштетена инфраструктура. Интернетот и мобилните мрежи се во прекин во повеќе региони.

Хуманитарните организации предупредуваат дека состојбата е критична и дека се „подготвуваат за најлошото“, бидејќи пристапот до многу погодени подрачја е оневозможен. Засега нема потврдени податоци за загинати на Јамајка, но локалните власти стравуваат дека бројот на жртви може да расте како што се расчистува теренот.

Мелиса се движи кон северозапад и моментално ја погодува источна Куба, каде се очекуваат обилни врнежи, поплави и налети на ветер со брзина над 250 километри на час. Кубанските власти издадоа наредба за евакуација на повеќе од 200.000 жители од крајбрежните подрачја.

Метеоролозите предупредуваат дека оваа бура би можела да стане една од најразорните во последната деценија во регионот, со потенцијал да предизвика долготрајни последици за економиите и инфраструктурата на погодените островски држави.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни