Управникот на хотелот во Аргентина каде што престојувал Пејн: Неговата поранешна девојка тогаш била таму

Управникот на хотелот, кој се јавил на 911 пред смртта на Лејам Пејн, тврди дека поранешната партнерка на пејачот била во хотелот Casa Sur Palermo во исто време со поранешниот член на One Direction.
Фото: Инстаграм

Пејн починал на возраст од 31 година по пад од третиот кат на хотелот Casa Sur Palermo во Буенос Аирес. Управникот на хотелот, Естебан Граси, во изјава за аргентинската телевизија открил дека го видел Лејам сам, но неговата поранешна партнерка била во близина, пренесува Mirror.

„Лејам беше виден сам, но неговата поранешна партнерка беше тука,“ рече тој.

„Дали и таа престојуваше во хотелот?“ го прашаа во емисијата, на што Естебан одговорил: „Да, еден кат погоре.“

Не е јасно за која поранешна партнерка зборува Естебан, бидејќи не ја именувал. Девојката на Лејам Пејн, Кејт Кесиди, ја напуштила Аргентина за да се врати во Америка неколку дена пред неговата смрт, по заедничкиот одмор во Аргентина.

Поради драмата што се одвивала пред смртта на Лејам, многумина помислиле дека поранешната за која зборува Естебан е неговата поранешна свршеница Маја Хенри, но извори блиски до починатиот пејач го негирале тоа.

„Маја Хенри никогаш не била во Аргентина и не се помирила со Лејам,“ рекле тие.

Да потсетиме, Естебан се јавил на 911, бројот за итни случаи, и рекол: „Имаме гостин кој е на дроги и уништува сѐ во неговата соба. Потребен ни е некој да дојде.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни