Најгледаниот Netflix трилер добива втора сезона по рекордни 92 милиони прегледи

Netflix трилерот „Untamed“ со Ерик Бана добива втора сезона по рекорден успех и речиси 93 милиони прегледи. Новата сезона носи нова локација и мистериозна приказна.

Популарната Netflix серија „Untamed“, која минатото лето стана глобален хит, официјално добива втора сезона. По огромниот успех и милионските прегледи, платформата потврди дека снимањето на новите епизоди веќе започнало, а приказната ќе се пресели на сосема нова, егзотична локација.

Во првата сезона, специјалниот агент Кајл Тарнер, кого го толкува Ерик Бана, поминува низ тежок период и го напушта својот долгогодишен дом во Националниот парк Јосемити. Во продолжението, неговата приказна се префрла на Хаваите, каде што ќе истражува мистериозна смрт во Националниот парк Хавајски вулкани, простор познат по својата сурова природа и активни вулкани.

Авторите на серијата откриваат дека Тарнер се враќа година и пол по настаните од првата сезона, по период исполнет со патувања низ различни национални паркови и решавање нови случаи. Според нив, природата игра клучна улога во серијата, бидејќи секоја локација влијае врз психолошката состојба на главниот лик и ја обликува атмосферата на приказната.

Критичарите ја опишуваат „Untamed“ како еден од најдобрите трилери на годината, истакнувајќи ја оригиналната комбинација на криминалистичка драма и сурова природа. Токму тој пристап ја издвојува серијата од класичните полициски приказни и ја прави особено привлечна за гледачите.

Првата сезона постигна огромен успех, заземајќи го првото место на глобалната листа на Netflix и задржувајќи се меѓу најгледаните содржини повеќе недели. Со речиси 93 милиони прегледи, втората сезона доаѓа со високи очекувања и голем интерес од публиката ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни