Variety.com пренесува интервју со режиресот Унковски, во кое потенцира: ,,Режисерот Георги М. Унковски знае дека сака нешто што се навидум е невозможно, откако надмина повеќекратни финансиски и продукциски предизвици во петгодишното патување за да го направи своето долгометражно деби, премиерно прикажан како дел од Светскиот филмски натпревар на Санденс. Во интервјуто меѓу другото се вели: ,,Кастингот на филмот е една од најголемата гордост на Унковски во филмот, особено Јакуп и новодојдениот Агуш Агушев, кој го игра малиот брат на Ахмет кој одбива да зборува, најмногу поради гнев од нивниот препотентен татко.
„Многу сум среќен со кастингот. Имавме неверојатна директорка на кастинг, Киријана Николоска, а јас и таа направивме обемен кастинг процес. Видовме над 3.000 деца од ова етничко малцинство во Македонија и го намаливме на 60 кандидати“, вели Унковски.
ScreenDaily истакнува дека режисерот испровоцирал привлечни изведби од неговата претежно млада екипа.
,,Унковски се потпира на блискоста на неговите безвременски теми со лесно користен уред за кадрирање во кој група постари жени – гледани само во далечна широка снимка, давајќи ни порив да се приближиме кон нив – се впуштаат во чин на колективно раскажување приказни и сеќавање. Додавањето на овој елемент налик на басна и помага на публиката да ги прифати почудните елементи на драмата, вклучувајќи го и ненадејното појавување на светло розова овца”, се вели во рецензијата.
Filmmakermagazine.com, пак, пренесува интервју со продуцентите Иван Унковски и Ивана Шекутковска. Во него тие обелоденуваат детали за процесот на создавање на филмот, снимањето, постпродукцијата, како и за финансиските предизвици со коишто се соочувале.
Во интервјуто Шекутковска вели: ,,Искрено можам да кажам дека пречките со кои се соочивме всушност придонесоа за автентичноста и енергијата на филмот, правејќи го уште попосебен”.
Под наслов: ,,Рецензија на Диџеј Ахмет: Техно музиката и овчарството се судираат во трогателна приказна за стареење”, во текстот на The Hollywood Reporter стои: Замислете го „Footloose“ што се случува токму сега во едно мало село во Северна Македонија и ќе ја добиете атмосферата зад трогателниот игран дебитантски филм на писателот-режисер Георги М. Унковски, ,,Диџеј Ахмет”.
,,Премиерно претставен на светскиот филмски фестивал Санденс, ,,Диџеј Ахмет” има елегантен, пријатен квалитет што може да ги привлече стриминг платформите или дистрибутерите. Филмот разиграно критикува одредени муслимански обичаи, но никогаш на понижувачки начин, притоа обезбедувајќи впечатлива приказна за полнолетството што е малку предвидливо” е насловот на написот во The Hollywood Reporter.