Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е домаќин на 9 Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола oд 11 до 12 септември 2024 г. е домаќин на 9 Ректорски форум на Југоисточна Европа и Западен Балкан, во соорганизација со алијансите: COLOURS, EUTOPIA и YUFE.

Во рамки на оваа важна паневропска академско – регионална соработка ќе се одржат серија настани за идните можности и улогата на академската заедница во модерниот свет. Меѓу нив посебно место имаат актуелностите за универзитетските сојузи, универзитетските вредности и алијанси, што за УКЛО е посебен момент, бидејќи се реализира во светлината на неговата актуелна вклученост во Алијансата КОЛОРС.

Во програмата на Форумот, УКЛО, како членка на КОЛОРС одржува уште две важни случувања: промоција на мобилниот колаборативен простор (CoSpace) за размена на идеи, соработка и поврзување меѓу академијата и соработниците од бизнисот, граѓанскиот, владиниот и образовниот сектор. Колаборативниот простор ќе биде поставен за времетраењето на Форумот, на Широк Сокак, до Кино Манаки – Битола, а промоцијата ќе се одвива од 16 – 17.30 ч. на 11.09.2024 г.

Воедно, на 13.09.2024 г. на ФТУ – Охрид ќе се одржи Теренско истражување на тема Туризам, активност на работен пакет 3 од Алијансата КОЛОРС.

Најново

Последни колумни