Универзитетите го одбележуваат Светскиот ден на науката за мир и развој

Универзитетите ќе доделат признанија за најдобар научник за 2024 година

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември. На одбележувањето ќе бидат истакнати врвните резултати во научноистражувачката дејност од претходната календарска година, а ќе се обрати ректорката на УКИМ проф. д-р Биљана Ангелова. По обраќањето ќе бидат доделени награди за најдобри научници / уметник на УКИМ за 2023 година и Плакета на УКИМ за врвни достигнувања во науката.

И Универзитетот „Гоце Делчев“ денеска ќе го одбележи 10 Ноември – Меѓународниот ден на науката. Ќе бидат доделени признанија и награди на најзначајните научници и научни достигнувања од страна на Универзитетот „Гоце Делчев“. Универзитетот годинава ќе го додели и признанието најдобар научник за 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни