Уништена резиденцијата на Хамнеи: седум ракети го погодија комплексот на врховниот ајатолах

Иранската агенција Тасним потврди директни удари врз претседателската палата и резиденцијата на врховниот верски водач. Хамнеи беше евакуиран пред нападите.
Извор: Х

Операцијата „Епски бес” удри во самото срце на иранскиот теократски режим. Седум ракети го погодија комплексот во кој се наоѓаат претседателската палата и резиденцијата на врховниот ајатолах Али Хамнеи – највисокиот религиозен и политички авторитет на Исламската Република Иран.

Седум ракети врз симболот на режимот

Иранската агенција Тасним соопшти дека седум ракети го погодиле подрачјето во близина на претседателската палата и комплексот на врховниот верски водач во Техеран. Ударот врз резиденцијата на Хамнеи не е само воена акција – тоа е директна порака за промена на режимот, онаква каква што Трамп и Нетањаху јавно ја најавија.

Командири на IRGC меѓу жртвите

Ирански извори блиски до власта пренесуваат дека во нападите загинале неколку повисоки командири на Иранската револуционерна гарда и политички функционери. Револуционерната гарда е клучниот столб на режимот – воениот, економскиот и репресивниот апарат на ајатоласите.

Удари низ цел Иран

Покрај Техеран, експлозии се слушнале и во Табриз, Исфахан, Ком и Керманшах, а Израел гађал неколку згради на министерства во Техеран. iКом е еден од најсветите градови на шиитскиот ислам и седиште на највисоките верски авторитети — неговото таргетирање носи длабока симболична тежина.

Хамнеи на безбедно

Врховниот ајатолах беше евакуиран пред нападите и се наоѓа на непозната безбедна локација. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан исто така е жив и неpoвреден, соопштија иранските државни медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни