Уништена розовата панделка од цвеќиња направена за борбата против ракот на дојка

Розовата панделка од цвеќиња поставена во Градскиот парк во Скопје во знак на борбата против ракот на дојка и претставува симбол на надеж, поддршка и солидарност со сите кои ја водат оваа тешка битка била уништена.

Од ЈП Паркови и зеленило известија дека несовесни граѓани ги уништиле и искорнале цвеќињата во паркот.

„Упатуваме апел да не ги уништувате ги цвеќињата. Со тоа ја уништивте симболиката и трудот на нашите екипи. Наместо тоа, ве повикуваме да ги зачувате и негувате, за заедно да создадеме поубава и поздрава средина за сите нас. Вашиот придонес може да направи многу“ велат од Паркови и зеленило.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни