Во „Јавна соба“ во Скопје денеска од 10 до 17 часот е отворен базар „Во ритамот на македонски традиционални занаети и креации”. Настанот го организира „Добредојде’ Macedonia Welcome Centre.
– Ова е совршена можност да подарите уникатни ракотворби и производи кои го слават македонскoтo занаетчиство и креативност. На базарот ќе најдете: рачно плетени производи за деца и возрасни, уникатни чанти и шапки, рачно изработени детски играчки, производи за домаќинство и новогодишни украси, производи од стакло, филигран и рачно изработен накит, сушено цвеќе, органски производи како и многу други оригинални креации! – велат организаторите.
Покрај редовни излагачи ќе бидат опфатени и корисниците на проектот поддржан од Амбасадата на Словенија во сфера на женското претприемништво. Тие ќе ги изложат своите дела како резултат на деветмесечни обуки во шиење, плетење, везење и ткаење. Овие производи се создадени со љубов и посветеност, кој се реализираше во општините: Битола, Куманово, Скопје и Струмица, под имплементација на здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre.
Овој настан е вистински спој на македонската традиција и женското претприемништво.