Уникатна модна ревија во Подгорица: Пензионерите ја освоија публиката

Во Подгорица се одржа несекојдневна ревија во рамките на Сениор Фест 2024. Манекенките на модната писта беа членови на Домот за стари лица, а најстариот манекен имаше 93 години.
Фото: Јутјуб

Сениорската ревија „Во чест на Сека Мартиновиќ“ го затвори годинешниот Сениор Фест 2024. Моделите на познатата модна дизајнерка Сека Мартиновиќ, од колекцијата „Јованка Броз“ ги носеа манекени од Домот за стари лица во Подгорица, а најстариот манекен имаше 93 години.

Ова е прва сениорска модна ревија досега одржана во Подгорица, а во текот на половина час аплаузот на публиката не престана. Сите заедно пееја, аплаудираа, но и плачеа.

„Срцето ми е полно, од силните емоции многумина од нас плачеа како дожд. Нашите манекени блескаа, играа и пееја на пистата, мавтаа со публиката, а публиката возврати со громогласен аплауз кој не престана. Сигурен сум дека овогодинешниот Сениор Фест ги помести границите и дека е огромен чекор кон нашата цел – да ја промениме свеста на целото општество дека постарите не се товар, досадни и заморни. Покажавме дека постарите често имаат повеќе дух, ентузијазам и радост од многу помлади луѓе“, изјави организаторката на Сениор Феста, Весна Радојевиќ.

Таа додава дека ќе продолжат да ја подигаат свеста и да испраќаат пораки дека старите лица се огромен ресурс за општеството и државата со своето знаење, искуство и мудрост, како и дека општеството и државата мора да направат многу повеќе за да создадат услови за активен и здрав живот за пензионерите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни