УНИЦЕФ: Намалувањето на американската помош влијае врз илјадници деца на Хаити

Услугите кои ги финансирале Соединетите Американски Држави, како што е скринингот на неухранетост за бебиња, ќе бидат укинати, соопшти УНИЦЕФ.

Намалувањето на американската помош има екстремен и непосреден ефект врз илјадници деца на Хаити, бидејќи насилството расте и бандите регрутираат сè повеќе млади, предупреди денеска Агенцијата на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).

Повеќе од еден милион жители на Хаити, односно речиси 10 проценти од населението, се иселиле за време на долгогодишните конфликти во кои наоружаните банди ја зацврстиле контролата над поголемиот дел од главниот град и околните области, пренесува Ројтерс.

Услугите кои ги финансирале Соединетите Американски Држави, како што е скринингот на неухранетост за бебиња, ќе бидат укинати, соопшти УНИЦЕФ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни