УНИЦЕФ: Израел блокира шприцеви за вакцинирање на деца во Појасот Газа

УНИЦЕФ на 9 ноември ја почна првата од трите рунди на имунизација, чија цел е да се вакцинираат повеќе од 40.000 деца под три години против детска парализа, сипаници и пневмонија.

Детскиот фонд на Обединети нации (УНИЦЕФ) денеска соопшти дека Израел утрово на границата со Појасот Газа запленил основни артикли, меѓу кои 1,6 милиони шприцеви за вакцинирање на деца и фрижидери на сончева енергија за складирање на вакцините, 938.000 шишиња адаптирано млеко и резервни делови за камиони што транспортираат вода.

@Децата чекаат царинско одобрение од август. Израел верува дека шприцевите и фрижидерите имаат двојна намена и затоа е толку тешко да се добијат дозволи и да се поминат проверките, а во исто време, ова се итно потребни стоки#, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес.

Терминот „двојна намена“ во овој случај значи дека, според Израел, станува збор за предмети што можат да имаат и цивилна и воена примена.

УНИЦЕФ на 9 ноември ја почна првата од трите рунди на имунизација, чија цел е да се вакцинираат повеќе од 40.000 деца под три години против детска парализа, сипаници и пневмонија. На првиот ден од кампањата, беа вакцинирани повеќе од 2.400 деца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни