УНХЦР соопшти дека Израел извршил напади врз повеќе од 60 локации во Либан вклучително и во Бејрут што претставува еден од најинтензивните бранови на бомбардирање од почетокот на конфликтот.Според агенцијата разурнувањата се огромни, а бројот на жртви постојано расте при што цивилите повторно ја плаќаат највисоката цена и покрај фактот дека не се цел на нападите и мора да бидат заштитени
Овој нов бран напади доаѓа во момент кога надежите за смирување на ситуацијата се зголемија по најавеното примирје поврзано со Иран но борбите на терен покажуваат дека конфликтот и понатаму ескалира. Специјалната координаторка на ОН за Либан Жанин Хенис порача дека ниту една страна не може да постигне победа со напади и повика на итен прекин на непријателствата и започнување директни преговори.
Ситуацијата останува крајно нестабилна со зголемен ризик од понатамошна ескалација и продлабочување на хуманитарната криза во регионот.