Орбан пресече: Унгарската Парада на гордоста се сели во затворен простор

Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергелј Гулјаш, изјави за новинскиот сајт 24.hu дека Парадата на гордоста не треба да се одржува на начин на кој се одржувала во минатото. Целта на промената е, како што рече, да се „заштитат децата”, а не постои ризик од „Прајд кој се одржува во затворен простор”.


Унгарската Парада на гордоста оваа година ќе се одржи во затворен простор, најавија властите во Будимпешта. До сега, овој настан се одржуваше во центарот на Будимпешта. Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергелј Гулјаш, изјави за новинскиот сајт 24.hu дека Парадата на гордоста не треба да се одржува на начин на кој се одржувала во минатото.

Целта на промената е, како што рече, да се „заштитат децата”, а не постои ризик од „Прајд кој се одржува во затворен простор”.

Од Прајдот одговорија дека се работи за семеен настан и дека не претставува закана за децата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни