Унгарија полиција ја забрани Парадата на гордоста во Печуј

Унгарската полиција соопшти дека ја забранува Парадата на гордоста, планирана за октомври во градот Печуј, на југот на земјата.
epa11988160 Demonstrators wave EU and rainbow flags as they protest against the amendment of the Assembly Law, also banning the Pride parades, in Budapest, Hungary, 25 March 2025. People protested in the center of Hungary's capital against a new law that bans LGBTQ+ Pride events and restricts the right to assemble. EPA-EFE/Zoltan Mathe HUNGARY OUT

Забраната се темели на новите уставни измени усвоени оваа година, според кои незаконито е секое јавно собирање што „промовира хомосексуалност“.

Оваа одлука следи по јуниската владина забрана на Парадата на гордоста во Будимпешта, кога повеќе од 200.000 луѓе сепак учествуваа во поворката, пркосејќи на властите.

Организаторите од Мрежата на разнолики млади (Diverse Youth Network) ја оценија новата забрана како „тежок удар за ЛГБТ+ заедницата“, но најавија дека собирот сепак ќе се одржи на 4 октомври во Печуј. „Одбиваме да бидеме замолчени. Нема да бидеме заплашени“, порачаа тие.

Владата на премиерот Виктор Орбан од 2018 година спроведува кампања за ограничување на правата на сексуалните малцинства, во име на „заштита на децата“, и покрај острите критики од Брисел. Забраната во Будимпешта беше оценета како голем чекор наназад за правата на ЛГБТ+ луѓето во рамките на Европската унија.

На последната Парада на гордоста во Будимпешта учествуваа над 200.000 лица, што беше најголемо вакво собирање од враќањето на Орбан на власт во 2010 година. Градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачоњ, беше сослушан како осомничен за организирање на поворката и му се заканува затворска казна до една година.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни