Унгарија ослободена од санкциите на САД за руските енергенси, соопшти Орбан

Трамп и Орбан се сретнаа во Белата куќа во за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за зајакнување на економската соработка

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во Вашингтон дека Будимпешта постигнала договор со САД, кој, како што тврди, ѝ дал на Унгарија целосен и неограничен исклучок од санкции за користење на руски енергетски производи преку Турски тек и гасоводот „Дружба“.

Во американската престолнина, Орбан се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, по што одржа заедничка конференција со шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

Орбан објасни дека руската енергија е опфатена со два режима на санкции – американскиот и европскиот.

„Сега успеавме да излеземе од американскиот систем на санкции, но сè уште треба да се бориме против европските санкции“, рече тој.

Според Орбан, Унгарија повеќе не мора да се плаши дека најавените американски мерки против рускиот производител на енергија ќе бидат применети и врз неа.

Сијарто потврди дека и други земји се обиделе да го постигнат истото.

„Не само ние, туку и други земји побараа исклучок. Доколку санкциите стапеа на сила, режиските трошоци силно ќе се зголемеа. По денешниот состанок, тоа повеќе не ја загрозува Унгарија“, рече премиерот.

Еден од клучните елементи на договорот се однесува на Турски тек и гасоводот „Дружба“, преку кој Унгарија увезува руски гас и нафта.

„Турски Ток и Дружба добија ослободување без временско ограничување“, рече Орбан, оценувајќи дека „успеале да ја одбранат политиката на пониски режиски цени“.

На прашањето што значи овој договор за унгарските домаќинства, премиерот рече:

„Доколку овој договор не беше постигнат денес, режиските трошоци ќе беа двојно повисоки во декември. Денес сме спасени од таа неволја.“

Зелено светло за нуклеарната централа Пакс 2

Орбан, исто така, рече дека САД повеќе немаат никакви забелешки во врска со изградбата на нуклеарната централа Пакс 2.

„Нема понатамошни американски сомнежи во врска со завршувањето на Пакс 2. Ваквите санкции нема да бидат на сила во иднина“, рече тој.

Според унгарската страна, Вашингтон потврдил дека нема да ги одржува ниту да воведува санкции што би можеле да ја спречат изградбата на електраната.

Трамп и Орбан се сретнаа во Белата куќа во петокот за да разговараат за зависноста на Унгарија од руската нафта и можностите за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Ова е нивна прва билатерална средба откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, објави Ројтерс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни