Унгарија размислува да ја напушти СЗО, по примерот на САД и Аргентина

Ако најмоќната земја во светот одлучи да ја напушти меѓународната организација, тогаш би било разумно и унгарската Влада да размисли


Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека оваа земја би можела да се повлече од Светската здравствена организација (СЗО).

Министерот задолжен за кабинетот на унгарскиот премиер, Гергел Гуљаш, изјави за новинарите дека смета дека „ако најмоќната земја во светот одлучи да ја напушти меѓународната организација, тогаш би било разумно и унгарската Влада да размисли.“

„Можеби ќе стигнеме до заклучок дека не мора да го правиме тоа, можеби ќе донесеме некоја друга одлука, секако, но секогаш вреди да се размисли“, рече Гуљаш, наведувајќи како аргумент тоа што СЗО „најсилната демократија во светот ја напушта со своја волја“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни