Унгарец се шверцал држејќи се за воз кој возел 280 километри на час

Четириесетгодишен државјанин на Унгарија доживеал вистинска авантура. Додека возот се движел со брзина од 280 километри на час, тој со раце се држел за надворешниот дел од вагонот на брз воз во Германија.

Патникот е неповреден, а против него е поведена постапка за некупување билет, како и за попречување на сообраќајот, соопшти полицијата.

Унгарски државјанин без билет се качил во воз за Либек кај Минхен. Кога возот застанал на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен, патникот се симнал од возот на пауза.

Кога сфатил дека возот се движи и вратите се затворени, скокнал во просторот меѓу двата вагона и се држел за каблите додека возот се движел со брзина од 280 километри на час.

Полицијата одговорила на повикот, а машиновозачот го запрел возот во гратчето Киндинг, на околу 30 километри северно од Инголштад, каде мажот бил уапсен.

Во ова необично возење патникот не бил повреден, а на полицијата ѝ објаснил дека се качил на возот бидејќи во него бил неговиот багаж.

Унгарскиот државјанин е под истрага бидејќи не купил билет. Против него ќе биде поведена постапка и за невообичаено однесување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни