Легендарното британско електронско дуо Underworld ќе настапи на Sofia Live Festival 2026, кој ќе се одржи на 28 јуни во Vidas Art Arena во Софија.
Бендот, кој повеќе од три децении е еден од највлијателните имиња во современата електронска музика, ќе донесе сет составен од култни песни и нов материјал.
Underworld се познати по хитови како „Born Slippy (Nuxx)“, песна што стана симбол на електронската сцена од 90-тите и неизоставен дел од нивните концертни настапи.
Со својата комбинација на техно, хаус и експериментална електроника, дуото со години гради репутација на еден од највпечатливите изведувачи во живо на електронската сцена.
Настапот во Софија е дел од нивната концертна агенда за 2026 година, а билетите за фестивалот веќе се пуштени во продажба.