,,Уметноста има став” – работилница на Фондација Фридрих Еберт викендов во Струга

Под мотото ,,Уметноста има став” три дена во Струга младите ќе создаваат на неколку полиња како музика, политика, литература, графити…

Во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и ХАНА – Центар за сеопфатна едукација, култура и уметност во Струга викендов се одржува дводневна работилница за млади лица.

Под мотото ,,Уметноста има став” три дена во Струга младите ќе создаваат на неколку полиња како музика, политика, литература, графити…

,,Викендов се нурнуваме длабоко во креативниот процес – ќе создаваме музика, ќе изработуваме графити, илустрација, ќе пишуваме авторски творби и ќе имаме интерпретација на политички говор и подготовка за настап. Уметноста има став! Уметноста има моќ да направи општествена промена” велат организаторите.

Како ментори ќе гостуваат неколку докажани имиња и тоа: Музика – Емилија Ристановска иСара Ташкоска; ќ Политика – Ненад Марковиќ и Никола Ристановски; Литература – Дарко Лешоски; Илустрација – Калиопи Трпчева; Графити – Драган Китановски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни