Уметниците Дарко Алексовски и Нада Прља дел од меѓународната изложба EX-SITU

Македонските уметници Дарко Алексовски и Нада Прља учествуваат на групната меѓународна излоба „EX-SITU: Уметнички позиции за загрозениот биодиверзитет и соживот на видовите“ орворена во Националниот музеј на Босна и Херцеговина во Сараево. Синоќа во рамките на изложбата се одржа и симпозиум, на кој учествуваат Прља и Христина Иваноска. Оваа средба на кустоси и културни работници, уметници и научници има цел да ја промовира размената во контекст на темата на на изложба и проектот на Националниот музеј за заштита на Босанскиот планински тритон, и е наменет за пошироката публика.

Во фокусот на комплексниот преокт е босанскиот планински тритон, вид водоземен лазач кој се смета за загрозен вид. Живее во срцето на Босна и Херцеговина, во планинскиот појас Враница. Националниот музеј на БиХ е во процес на изградба на вивариум за ex-situ заштита на овој вид. Музејот планира да обезбеди континуирано постоење на овој вивариум за да се заштити видот ако навистина изумре во неговото природно живеалиште.

Босанскиот планински тритон и планираниот вивариум се појдовни точки за изложбата на современи уметнички дела во рамки на Природонаучниот оддел на Националниот музеј во Сараево. Осумнаесет уметници и уметнички групи од Централна и Југоисточна Европа претставуваат дела кои се изложени на пресекот помеѓу природата, човековата активност и различноста (на видовите) наспроти загрозените форми на живот во Антропоценот. Со оваа поставка во Природнонаучниот оддел на Националниот музеј, уметничките практики директно се поврзуваат со научни референци.

Во рамките на концепцијата, Дарко Алексовски учествува со серија дела насловени „И планините продолжуваа да ветуваат“, а Нада Прља со инсталацијата создадена од девет слики под наслов „Се родив да летам III“ и Umwelt (животната средина), интервенција врз постоечка музејска витрина. На изложбата учествуваат и уметницте: Ламија Чехајиќ, Danube Transformation Agency for Agency, Анита Фукс, Теута Гатолин, Ернст Кослич, Полонца Ловшин, Рало Мајер, Едит Пајер, Ирена Лагатор Пејовиќ, Лала Рашчиќ, Оливер Реслер, Иван Шуковиќ, Адриен Ујхази/Немања Миленковиќ, Ана Васоф, Дриант Зенели и Дардан Жегрова. Куратори на изложбата се Маргарете Маковец и Антон Ледерер.

Проектот е на „Ротор“ центарот за современи уметности (Грац, Австрија), нарачан од Одделот за култура на Штаерска по иницијатива на австриското Сојузно министерство за европски и меѓународни работи, е посветен на загрозениот Босански планински тритон.

Најново

Последни колумни