Уметницата Жанета Гелевска-Велјаноска отвори изложба во Загреб

Во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб своето творештво го претстави уметницата Жанета Гелевска-Велјаноска. Под наслов „Јас верувам дека можам да летам“ таа се претстави со 37 дела создадени во последните пет години.

– Мистеријата на играта поседува сопствен простор и сопствено време, па така користејќи го реалното време и простор Жанета Гелевска-Вељановска нè носи во имагинарен свет на други простори, кои имаат бесконечно многу приказни, создадени со внимателно промислување на фантазијата. Нејзината имагинација заводливо ве обзема, гледате, си замислувате, ве насмевнува и како во детска игра продолжувате нејзините мисли да ги вградувате во своите. Тоа би била можеби желбата на секој уметник, поврзаноста со внатрешниот свет да ја евоцира на самото платно – пишува Дијана Томиќ, ликовен уметник и куратор во каталогот на изложбата.

Гелевска-Вељановска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1989 година во класата на професор Ана Темкова. Истата година станала член на ДЛУМ. Реализирала повеќе од 40 самостојни и учествувала на бројни групни изложби во Македонија, Европа и САД. Значајно е нејзиното учество во уметнички проекти и сликарски колонии, а нејзините дела се наоѓаат во многу приватни и јавни збирки.

Од 2000 година живее и твори во Лондон како слободен уметник. Таа е една од основачите на здружението Macedonia Welcome Centre кое работи во сферата на културната дипломатија, поточно промоција на нашата земја преку нејзината култура и традиција.

Жанета Гелевска Велјаноска

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни