Ултразвучните бранови ќе ја лекуваат зависноста: Влијаат на мозокот одговорен за награда и мотивација

Научниците конструираа специјален уред како шлем кој ги емитува овие високофреквентни бранови до клучен дел од мозокот одговорен за награда, мотивација и зависност.

Студијата открива потенцијал за намалување на зависноста

Оваа област, наречена и „нуклеус акумбенс“, се наоѓа во средината на мозокот и кога ултразвучните бранови ќе стигнат до него, предизвикува вибрирање на клеточните мембрани и нарушување на системот за наградување што го доживуваат луѓето, што доведува до зависност.

Направено е тестирање на 39-годишен маж, долгогодишен зависник од хероин. Му ставиле шлем на главата 30 минути и за тоа време гледал слики како подготвува хероин за консумирање. После тоа, тој рече дека нема потреба да зема хероин.

Овој нов метод е медицинска процедура одобрена од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и вклучува вметнување на мали електроди низ две мали дупки во черепот во делот од мозокот поврзан со наградата.

Истражувачите се надеваат дека со „отстранување“ на системот за наградување што предизвикува желба за алкохол или дрога, луѓето ќе можат полесно да управуваат со секојдневните предизвикувачи или стресни фактори кои можат да доведат до зависност.


Потенцијал за намалување на зависноста

Новиот метод е насочен кон физички дел од мозокот за да го промени начинот на кој мозокот на една личност реагира. Тековните методи на лекување бараат од зависникот да зема лекови кои го блокираат еуфоричното чувство што го добива од дрога или алкохол.

Истражувачите сега тестираат дали ултразвучните бранови можат да ги преквалификуваат мозочните клетки кои предизвикуваат зависност.

Тие претходно го тестирале методот на 20 пациенти кои биле свесни дека се лекуваат со ултразвучни бранови.

Тие користеле дрога во поголемиот дел од својот живот, а по третманот откриле дека нивната желба за дрога паднала на речиси нула, а речиси 75 отсто се уште биле „чисти“ неколку месеци подоцна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни