Ултиматум кој ја промени историјата – 110 години од почетокот на Првата светска војна

Фото: РТС

Телеграмата за објава на војна од Австроунгарија кон Србија испратена на 23 јули, но пристигната на 28 јули 1914 година ја промени историјата на Европа и светот.

По атентатот на австроунгарскиот престолонаследник во Сараево, Србија својата престолнина ја преместила од Белград во Ниш, очекувајќи го одговорот од Австроунгарија.

„Австроунгарија сакале српската држава да ги прифати сите точки од ултиматумот, но за Србија била неприфатлива шестата точка од ултиматумот, во кој Австроунгарија барала да се вклучи во судската истрага“ вели Бојана Дашиќ од Историскиот архив во Ниш.

Загрозувањето на независноста било неприфатливо, иако Србија, ослабена по Балканските војни, сакала да избегне конфликт.

Кралската власт во Србија не одговорила на телеграмата како што тоа го очекувала Австроунгарија поради што од тој момент се сметало дека тие се во војна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни