Улогата која ја плашеше Мерил Стрип, а сепак ѝ донесе номинација за Оскар

Мерил Стрип важи за една од најголемите актерки на денешницата, со рекорден број номинации за Оскар во историјата на престижната награда.

Нејзиниот талент и опсег на глума се скоро беспримерни, но дури и таа имала улоги кои ѝ предизвикувале страв и неизвесност.

На почетокот на својата кариера, Стрип ја добила улогата во британскиот филм Жена на францускиот поручник (The French Lieutenant’s Woman, 1981), режиран од Карел Рајс, според сценарио на Харолд Пинтер по романот на Џон Фаулс. Нејзин партнер бил Џереми Ајронс, а главен предизвик за Стрип било совладување на беспрекорен британски акцент.

„Бев толку исплашена, толку исплашена поради нешто толку важно“, признала Стрип на пријателка. Нјзината несигурност ги загрижила и режисерот Рајс, кој размислувал дали делови од улогата ќе треба да се синхронизираат. Среќа, тоа не било потребно – Стрип блеснала и за улогата добила уште една номинација за Оскар.

За разлика од некои актери чии обиди за странски акценти станале познати по негативен начин, Стрип успешно го совладала британскиот акцент, што дополнително го потврдува нејзиниот талент и професионалност.

За филмот
Жена на францускиот поручник ја следи забранетата љубов меѓу Сара Вудраф, таинствена жена на англиското крајбрежје, и Чарлс Смитсон, викторијански научник кој постепено се вљубува во неа. Паралелно се прикажува и врската на современите актери Ана и Мајк, кои ја толкуваат Сара и Чарлс, со што филмот контрастира строгите викторијански правила со слободните односи во современото време.

Филмот бил номиниран за пет Оскари, вклучувајќи ја и номинацијата за најдобра главна улога за Мерил Стрип, но не освоил ниедна награда.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни