Улица на која кога врне жителите мора да ги врзуваат автомобилите за уличните светилки

Улицата Веил во Бристол е позната по тоа што е многу, многу стрмна што претставува вистински предизвик кога врне дожд или паѓа снег.
Фото: Dunk 🐝/Flickr

Иако е долга само нешто повеќе од 100 метри, ова стрмно чудо во областа Тотердаун во Бристол има просечен наклон од 22 степени и е голем предизвик за пешаците, велосипедистите и возачите на автомобили.

Улицата не е лесна за искачување, па не е чудно што многу луѓе доаѓаат овде да ја тестираат својата физичка издржливост и сила, но и да се фотографираат за социјалните мрежи.

На станарите им е најтешко кога ќе залади – кога ќе почне да врне или да паѓа снег, бидејќи тогаш бетонот замрзнува, а паркираните автомобили почнуваат да се лизгаат, па многу жители на улицата Веил ги врзуваат за столбовите на уличните светилки.

Инаку, уште една интересна работа за оваа улица се случува за време на Велигден. Тоа е вистински Велигденски хит затоа што надолнината е совршен терен за вежбање на велигденско тркалање јајца.

Иако Веил е позната по тоа што е многу стрмна, таа не е најстрмната улица во Англија. Таа титула припаѓа на друга улица во Бристол: улицата Бристол Парк често се наведува како една од најстрмните улици во Англија, додека улицата Фремонт и Клиф Роуд во некои случаи се споменуваат во контекст на екстремни наклони.

Најново

Последни колумни