Уличниот спектакл „Сонот на Ербер“ за затворање на прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје

По повод затворањето на прославата на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, заедно со фестивалот „Скопско лето“ на 28 јуни во 21.00 часот ќе се одржи неповторливиот уличен спектакл „Сонот на Ербер“.

Театарскиот перформанс е во изведба уметничката трупа „Кидам“ која има од 100 до 150 настапи годишно и тоа низ целиот свет, од Костарика до Јужна Африка, преку Јапонија па се до Австралија.

Место на поаѓање е Музеј на град Скопје, а место на пристигнување и настап Плоштад Карпошово Востание.

,,Огромни величествени светлечки џинови, трапави и воздушни, како дојдени од друга планета, ќе го освојат Скопје.  Низ волшебна музика, петте обемни фигури, високи 4 метри, ќе изведат магичен ритуал преку кој ќе ѝ овозможат на една ѕвезда да се издигне на небото…Како мало намингување на месечината. Како во сон! Сон којшто ве покануваме сите да го отсонуваме, и деца и возрасни! На крајот од уличниот спектакл ве очекува изненадување: видео-мапинг на Емил Петро насловен „Франција во светлина“, на фасадата на Дом „Ибни Пајко“, се вели во најавата за настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни