Избрани новите студентски сенатори на УКИМ

На третата седница на Универзитетското студентско собрание беа избрани деветте студентски претставници во Сенатот на УКИМ, по изборот на новата претседателка Ангела Василевска.

На 21 октомври 2025 година се одржа третата седница на новиот состав на Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која беа избрани деветте студентски претставници во Универзитетскиот сенат.

Новоизбраните сенатори, чиј мандат започнува на 1 ноември, се:

  • Адам Стојановски – Природно-математички факултет
  • Филип Питулков – Економски факултет
  • Борјан Велјановски – Економски факултет
  • Сергеј Пуриќ – Правен факултет „Јустинијан Први“
  • Александар Димоски – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
  • Анастасија Митревска – Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
  • Ружица Јанкуловска – Градежен факултет
  • Александар Бојчовски – Правен факултет „Јустинијан Први“
  • Александар Власов – Стоматолошки факултет

Минатата недела беше избрана и Ангела Василевска, која ќе застане на чело на Универзитетското студентско собрание, чиј мандат исто така започнува на 1 ноември.

Универзитетското студентско собрание претставува највисоко претставничко тело на студентите на УКИМ, со клучна улога во заштитата на студентските права, унапредувањето на студентскиот стандард и активно учество во одлучувањето за академските и институционалните политики.

Претставниците на студентите – членови во органите и телата на Универзитетот – имаат право и должност да ги застапуваат интересите на своите колеги, редовно да присуствуваат на седниците и активно да придонесуваат во развојот на универзитетската заедница.

Со новиот состав на УСС и Сенатот, започнува уште една академска година во која студентскиот глас ќе продолжи да биде суштински дел од одлучувачките процеси на најголемиот универзитет во државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни