Украински функционер: Разговорите со Русија и САД беа продуктивни, продолжуваат утре

Украинскиот преговарач Рустем Умеров изјави дека разговорите со Русија и САД во Абу Даби биле продуктивни и ќе продолжат утре, и покрај руските напади врз енергетиката.

Шефот на украинската делегација Рустем Умеров соопшти на социјалните мрежи дека денешните разговори со делегациите на Русија и САД во Абу Даби, насочени кон пронаоѓање излез од четиригодишната војна во Украина, биле „суштински и продуктивни“ и дека ќе продолжат и утре.

Разговорите се одржуваат во период кога Русија изведува интензивни напади врз украинската енергетска инфраструктура, пренесува американската агенција АП.

На средбите што се одржаа минатиот месец во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, во рамки на американските напори за завршување на конфликтот, бил постигнат одреден напредок, но без пробив по клучните прашања – пред сè околу територијалните спорови, изјавиле претходно официјални лица.

Извор Бета, Associated Press (AP)

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни