Украински дронови уништија руски енергетски објекти на Крим

Украински дронови уништиле руски енергетски објекти на Крим, вклучително нафтено складиште и два воза со цистерни

Специјалните сили на украинската армија со беспилотни летала погодиле низа логистички и енергетски објекти на привремено окупираниот Крим, соопшти украинската војска.

Се истакнува дека украинските дронови погодиле нафтено складиште „Гвардијска“, при што бил уништен резервоар кој во моментот на нападот бил полн.

Специјалните сили исто така извршиле удари врз два воза со цистерни на надвозник за вчитување и истовар, додаваат од соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни